Јованоски: Преку домаќинско и одговорно работење за 10 месеци имаме вложено 30 милиони денари во ЈКП Комуналец

Во овие 10 месеци, преку исплата на заостанати долгови, аванси, тужби, извршни налози и казни, како и за инвестиции, потрошени се 30 милиони денари, споредено со „Вашите“ 45 милиони за 12 години. Работиме позитивно, одговорно и домаќински, за разлика од Вашето волунтаристичко, неодговорно и неекономично владеење што го доведе претпријатието до банкрот и со блокирана жиро-сметка, изјави денеска в.д. директорот на ЈКП Комуналец, Звонко Јованоски.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Минатава недела одржав прес конференција за да ги запознаам граѓаните од чија наплата се финасираме, но и вработените од „Комуналец“ , кои се грижат за чистотата во градот и по чија заслуга Прилеп го носи епитетот  најчист град  и за тоа како претходниот директор Златко Ристески, менаџирал со нивните пари. По сите анализи може да се заклучи дека менаџирал волунтаристички, неодговорно, неекономично, со што го довел претпријатието до банкрот, со блокирана жиро – сметка, со безброј тужби, а со кои тужби се одлеале милионски суми од касата на „Комуналец“.

Во Вашиот штур одговор се вели дека ја замајувам јавноста и се пофаливте со многу инвестиции во „Ваше“ време, наведуваќи дека до 2018 година сте инвестирале  во корпи за селекција на отпад, контејнери за отпад, во возила, градежни машини, во преси за балирање и сето тоа собрано изнесува 45 милиони денари за 12 години раководење со најголемото јавно претпријатие. Уште еднаш ќе Ви потенцирам, иако Вие добро знаете што е инвестирано сега од кога сум назначен за в.д директор на „Комуналец“.

Исплатени се 10 милиони денари на вработените за К-15, Јубилејни награди, Новогодишен надоместок за 2017 година, пари кои требало да ги исплати мојот претходник Златко Ристески.

12 милиони денари  нелатени пари со години, исплативме на нашите деловни партнери и добавувачи, од вкупно  24 милиони денари, кои ги наталожил вашиот менаџер, со што предизвикал голем број на тужби и извршни налози. Покрај вратените стари 12 милиони денари, навремено сме сервисирале 35 милиони денари од тековното работење и во моментов „Комуналец“ нема ниту една тужба од деловните партнери.

Исплатено е 3 милиони денари заостанато ДДВ од 2017 година. Вратен е 1 милион денари АВАНС, кој Златко Ристески го зел за да исплати плата. Платена е 600.000,оо денари казна, затоа што Вашиот менаџер работел недомаќински и незаконски.

Инвестиравме 4.500.000,оо денари во нов трактор, 3000 канти за слекција на отпад, 30 контејнери од 1/1 м3, 8 контејнери од 5м3, косилки, комјутери и др.

Сето ова собрано дава износ од 30 милиони денари за само 10 месеци раководење со „Комуналец“. Или, да споредиме 30 милиони денари за 10 месеци, наспроти 45 милиони за 12 години. Споредбата во доброто менаџирање ја оставам да ја направат граѓаните.

И што е најважно?!

Овие 30 милиони денари се заштедени со позитивно, домаќинско и одговорно раководење, а не кратење на пари од вработените и  расфрлање со пари на потполно промашена и економски нерентабилна инвестиција.

Сега сакам точно да разјасниме кој ја замајува јавноста. Дали јас, или Вие, кои кажувате  дека деловите што недостигиаат биле обична електрика и требало да се набават при пуштањето на линијата. Според производителот Техникс од Хрватска, од каде што е набавена опремата, ова се деловите кои  требало да се набават за таа да  профункционира:

 

  • Кран- телескоп                                                        пар 1——————————24.000Евра
  • Уред за отворање вреќи                                       пар 1——————————28.000 Евра
  • Боксови за сортирање на отпад                         пар 7*4—————————31.500 Евра
  • Контејнерска сортирница                                    пар7*8—————————56.500 Евра
  • Сортирни боксови                                                  пар 28*250——————–     7.000 Евра
  • Прифатен транспортер                                        пар 1——————————25.000 Евра
  • Транспортер за подигање                                    пар 1—————————–    9.000 Евра
  • Автоматска преса балирка                                  пар 1—————————– 82.000 Евра
  • Префоратор за пет амбалажа                            пар 1—————————–    8.000 Евра
  • Магнетен сепаратор за метален отпад            пар 1——————————- 14.000 Евра
  • Филтер станица                                                      пар 1—————————— 18.000 Евра
  • Вентилација и климатизација                           пар 3*4 500———————13.500 Евра
  • Сепаратор                                                                 пар 1——————————   4.000 Евра
  • Разводно управувачки електро ормар            пар 1 —————————– 32.000 Евра
  • Управувачки пулт                                                  пар 1 —————————–12.000 Евра
  • Управувачки пулт за автоматско дозирање  пар 1————————– 12.000 Евра
  • Комлетна електро инсталација                         пар 1 ——————————62.000 Евра
  • Софтвер и видео опрема                                      пар 1——————————-12.000 Евра
  • Монтажа и пуштање во работа                          пар 1—————————— 45.000 Евра
  • Обука на персонал                                                 пар 1 ——————————  4.000 Евра
  • Трошоци за одржување и сервис                      пар 1 ——————————   5.000 Евра
  •                                                                     ________________________________________
  •                                                                                                         ВКУПНО             505.000,оо Евра

Сите овие наброени работи треба да се набават  за линијата да биде комплетна и да профинкционира. Ве прашувам, кој сега ја замајува јавноста дека ова било некаква електрика? Ќе Ве запрашам уште нешто многу поважно, а одговорот треба да го даде вашиот кадар, Златко Ристески.

Зошто купил некомлетна опрема и платил 200.000,оо евра, и тоа 5 години пред да добие Градежна дозвола за објектот каде што требало да биде сместена опремата? Зошто ја оставил 5 години да стои на отворен простор и предизвикал директна штета од 65.000.оо евра?

Јас уште тврдам дека опремата требало да се набави последна, по градбата на халата, бидејќи секоја купена машина што не работи предизвикува штета со своето неработење, а со тоа не го враќа вложениот капитал, а во случајов  се работи за период од 5 години. Овие директни и индиректни загуби во инвестиција и неработење, кој ќе им ги надокнади на вработените и модернизирање во услугата за управување со отпад кон граѓаните.

За сите овие предизвикани штети во милионски суми со кое јавното претпријатие беше доведено во тешко економско и оперативно финкционирање, ќе биде поднесена  кривична пријава за несовесно и штетно работење.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien