Нема меѓународна потерница, Груевски се уште се бара во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот премиер, Никола Груевски не се бара по меѓународна потерница, потврдуваат и од Основниот суд и од МВР.

Засега осудениот Груевски се бара со национална потерница која вчера по барање на судот ја распиша МВР. Полицијата го бара осудениот Груевски на територијата на Република Македонија.

 

„Никола Груевски, од татко Тало и мајка Надежда, роден на 31.08.1970 во Скопје се бара за пронаоѓање и приведување заради извршување на казната затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст.2 од КЗ“, е тексот со кој е проследена фотографијата.

 

Потерницата следи откако во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката на жалбата на Кривичниот совет за одложување на затворската казна, а и такви обиди беа направени и вчера.

 

Доколку судијата за извршување на санкции процени дека има потреба и од меѓународна потерница, тогаш ќе треба да ја испрати наредбата до МВР, од каде пак потоа ќе треба да биде распишана потерница и осудениот да се бара и надвор од Македонија.

Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда. Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи