Над 7.000 британски семејства имаат црно-бел телевизор

Во Велика Британија повеќе од 7.000 семејства сѐ уште гледаат телевизија на црно-бел телевизор, иако веќе 60-ина години ТВ-програмите се во боја, пишува Би-Би-Си.

 

Вториот канал на Би-би-си во 1967 година беше првиот што почна со редовна програма во боја, и тоа со Турнирот на Вимблдон.

 

На почетокот на овој век имало околу 212.000 Британци сопственици на црно-бели телевизори, а во 2018. – 7.161 лице. Инаку, тие имаат три пати помала претплата од само 50,5 фунти, додека редовната е 150,50 фунти.

 

Црно-белите телевизори одамна ги нема во редовна продажба, но можат да се купат на старо или на интернет.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien