Американска компанија бара луѓе што ќе патуваат низ светот, ќе пушат марихуана и ќе добиваат плата за тоа

„Хеви хитерс“, калифорниска компанија што се занимава со производство на полнење масло за електрични цигари, бара 20 амбасадори. Имено, луѓето што ќе ги вработат имаат задача да патуваат низ целиот свет и да пушат марихуана.

 

Амбасадорите ќе треба да ги промовираат производите на оваа компанија на серија настани во светот и преку социјалните мрежи. Додека бројот на следбениците на социјалните мрежи не е предуслов за добивање на работата, популарноста на „Инстаграм“ сигурно може да помогне.

 

Амбасадорите ќе бидат платени 1.200 долари месечно и ќе добиваат по 500 долари месечно за производите на „Хеви хитерс“.

 

За пријавата е потребно да се сними едноминутно видео за себе во кое кандидатот објаснува зошто е многу посебна и совршена личност за промоција на нивните производи, потоа да го објави видеото на „Јутјуб“ и на „Инстаграм“ и да ја пополни пријавата на официјалната страница.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien