ВИДЕО – Фондот за иновации го презентираше јавниот повик за поддршка на старт-ап и спин-оф друштва во Прилеп

Фондот за иновации и технолошки развој денеска пред бизнис заедницата во Прилеп го презентираше јавниот повик за новоосновани старт ап и спин оф друштва. Повикот се реализира со заем од Светска банка за него се обезбедени 1 милион евра. Право на апликација на овој јавен повик имаат сите новоосновани микро, мали и средни претпријатија, не постари од 6 години. Истите не треба да имаат годишен приход поголем од 1 милион евра и треба да се со доминантна македонска сопственост.

 

 

„Овој повик е активен до 11.12.2018 и сега засега има навистина голема заинтересираност, имаме преку 700 апликации во овој момент, а има уште 20-тина дена. Компаниите аплициираат за кофинансирачки грантови, тие одат во сооднос 85% со 15%. 85% финансира Фондот за иновации, а 15% од вредноста на проектот депонираат самите апликанти. Овие кофинансирачки грантови се до 30.000 евра, значи Фондот може да учествува до 30.000 евра во вкупниот буџет на проектот. Овие средства апликантот може да ги искористи за плати на вработени, опрема, истражувачки активности, консултантски услугии и слично. По добивањето на средствата и стартот на проектот Фондот ги следи како течат проектите и нормално дали се трошат парите за таа намена за која и било аплицирано“, истакна Бранислав Маркоски, Фонд за иновации.

 

Самиот избор на компании го правел комитет составен од луѓе од странство, како луѓе од бизнис фелата, професори и слично.

 

„Имаме строго утврдени критериуми би набројал неколку. Бидејќи се работи за старт ап ии спин оф друштва најпрвин го оценуваме квалитетот на самиот проект, потоа неговиот пазарен потенцијал, колку тој може утре да се комерцијализира на пазарот, ги цениме, ангажираните луѓе во проектот, односно капцитетот на проектниот тим ии го цениме влијаниетот на проектот од сите аспекти. Дали се работи за влијание на животната средина, дали има некој социјален импакт во општетството итн“, додаде Маркоски.

 

Прилепските компании се заинтересирани за овој вид на поддршка дел од нив ги презентираа своите иновативни идеи. Но сепак се заинтересирани повеќе за оние повици на Фондот каде се нуди поголема финансиска помош.

 

„Се занимаваме претежно со изработка на мебел за домаќинство и уредување на хотели и ресторани. Ние размислувавме за неколку различни проекти, моментално овој проект е интересен во делот за искористување на обновливи извори на енергија, искористување на отпадокот, кој може повторно да се искористи како отпадоци од дрво или сунгер кои се користат во самото производство. Не интересира исто и со проективе кои одат преку Фондот за иновации дали и како има влијание на другите проекти кои се со поголема вредност. Тука може да учествуваме само со мали проекти, станува збор за мал износ на помош до 30.000 евра. Сакаме да се информираме за тоа дали ќе има повик, како претходно што имаше, за поголема финасиска помош“, вели Дејан Илов, производител на мебел.

 

Од Општина Прилеп истакнаа дека тие секогаш ќе ги поддржуваат овие иницијативи  за да им се помогне на компаниите.

 

„Се со цел да се генерираат повеќе работни места кај нас, како да се зголеми нивниот пазарен потенцијал, се со цел истите да вработуваат високо квалитетни кадри кои што ќе останат во нашата држава. Нашата намера како Општина е да ги поддржуваме сиите вакви иницијативи, да ги помогаме нашите компании, се со цел да дознаат повеќе информации, за да можат да поднесат квалитетни апликации и со тоа да се зголеми бројот на искористеност на средства од ваквиот тип на Фондови на територијата на Општина Прилеп“, рече Борче Јанкулоски, одделение за локален економски развој.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien