Жител на с. Драгов дол, Македонски Брод, починал при пад од дрво берејќи ореви

Вчера околу 16.15 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во атар на село Драгов дол Д.Л. (55) од Македонски Брод, паднал од орев и се здобил со повреди.

 

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп каде лекар констатирал смрт. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien