Половина милион евра јапонска помош за пет болници

Јапонската влада даде грант од околу половина милион евра за набавка на опрема и реконструирање на пет јавни здравствени установи.

 

Министерот Филипче се заблагодари на јапонската влада и ја истакна важноста за вложување во здравствениот сектор. Со Програмата „Грант – помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ ќе се подноват Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за гинекологија и акушерство и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, соопштија од Министерството за здравство.

„Речиси половина милион евра беа доделени на пет здравствени установи за набавка на медицинска опрема и реновирање. Со оваа голема донација ги подобруваме условите и ги зајакнуваме капацитетите во здравствените установи“, рече министерот Филипче.

 

Амбасадорката на Јапонија им се заблагодари на министрите, директорите и медицинскиот персонал за нивната соработка за време на имплементацијата на овие проекти, а која придонесува за подобрување на здравствените услуги на македонските пациенти.

 

Заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, во улога на национален координатор за распределба на странска помош во РМ, но и еден од хирурзите кој ќе треба да ја користи оваа опрема посочи и дека од осамостојувањето на нашата држава Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори, клучни за постигнување на нашите реформски процеси и стратешки цели, како здравство, образование, развој на локалните заедници, во износ над 420 милиони евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien