Стејт Департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

САД сметаат дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да си ја отслужи затворската казна во својата земја, изјавил претставник на американскиот Стејт департмент за порталот „Политико.еу“.

 

„Во правен и транспарентен процес Никола Груевски беше осуден од македонскиот суд за злоупотреби на службената должност и осуден на две години затвор. Пресудата беше потврдена и од други судски инстанци. Дополнително, Груевски е обвинет во уште четири кривични предмети. Ние сметаме дека судските постапки во Македонија треба да продолжат, а Никола Груевски да одговара пред македонскиот правосуден систем“, вели неименуван претставник на Стејт департментот за Политико.

 

Груевски е осуден на 2 години затвор за случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на мерцедесот од 600.000 евра, а во затворот Шутка требаше да се јави на 9 ноември откако му беше одбиена жалбата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien