Јанакиески не добил амнестија од Иванов, па имал намера да бега

Facebook
Twitter
Email
Print

Во решението за притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се цитира службена белешка од УБК во која пишува дека, преку посредник, Јанакиески барал од преседателот Иванов амнестија за сите лица против кои се водат постапки од СЈО, како последна шанса и спас од кривична одговорност и одлежување затворска казна. На посредникот на средбата кај Иванов му било пренесено дека преседателот нема намера да се меша во одлуките на судот и барањето за амнестија го одбил.

 

„Видно од содржината на службената белешка, преку посредник била остварена средба со Претседателот на РМ со цел да издејствува амнестија за сите лица против кои се водат судски процеси од страна на СЈО. За време на средбата, посредникот го замолил претседателот да ги амнестира сите лица од најголемата македонска опозициска партија за кои се води судски процес, меѓу кои обвинетиот Јанакиески, кој бил иницијатор на средбата. Меѓутоа, предлогот од страна на претседателот бил категорично одбиен при што на посредникот му истакнал дека нема намера да се вмешува во одлуките на судот, односно да ги амнестира. По завршување на средбата, посредникот се упатил на средба со обвинетиот за да го пренесе ставот на претседателот. Од страна на изворот било посочено дека обвинетиот сметал оти амнестијата е последна шанса да се спасат од кривична одговорност и одлежување на затворските казни“, стои во решението.

 

Во предлогот за притвор се наведува дека Јанакиески поседува банкарска сметка надвор од Република Македонија со што би било олеснето неговото бегство надвор од државата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи