ВИДЕО – Мирески : Планирам да истрчам 21 км. со канго обувки на прилепскиот полу маратон

Благоја Мирески od Kangoo Club Dandelion Dance од Прилеп планира да истрча 21 км. со канго обувки на прилепскиот полумаратон кој ќе се одржи на 25 ноември. Екипата на Инфо Комапс поразговара со Мирески повеќе околу овој негов потфат и што всушност претставува кангото како спорт и колку е тој популарен во Прилеп и Македонија.

 

 

Што е пред се Канго ?

 

Кангото е спорт кој што е доста познат надвор од Македонија, тука кај нас во државава започнал да се практикува пред некои 3 или 3,5 години, го донесле колегите од Велес, Канго Клуб Македонија. Таму исто така се вршат лиценците кои се земаат од наша страна како инструктори. Кангото во суштина се овие отскокнувачки обувки кои што го намалуваат ударот при нашето вежбање, исто така го држат рбетот исправен, тие 80% го апсорбираат ударот при самото вежбање. Нашето тело се чувствува многу подобро и многу поопуштено за разлика од било кој спорт. За мене што имам вежбано повеќе спортови ова е нешто што ми дава многу, многу повеќе.

 

Значи ова е една фитнес програма, фитнес вежби ?

 

Точно така, фитнес програма. Кангото има повеќе програми. Ние тука за почеток стартувавме со Kangoo power програмата која што нуди одлична можност за движење на долниот дел од телото, односно нозете, нормално се движат и рацете. Втора лиценца која што беше земена од моја страна беше Dance програмата и Kick and punch која нуди можност со удари, на некој начин како кик боксот со удари да се одржи рамнотежа на овие чевли, а при тоа се вежба како некој вид на кик бокс.

 

Како започна идејата да се занимаваш со овој спорт, еве веќе 2,5 години го имаш отворено овој клуб ?

 

На почетокот го видов на интернет и прво изгледаше интересна идеја. Пред се моето искуство како dance инструктор и zumba инструктор не ми даваше да верувам дека може да се прави нешто посебно на едни вакви обувки, но сепак бев љубопитен да научам нешто повеќе. Ги контактирав Канго Клубот Македонија, се пријавив за лиценцата. Благодарение на мојот инструктор Оксана Мошеску која што дојде од Романија ја зедов првата лиценца за Power програмата, тие два дена беше одлична можност да се научи нешто повеќе за кангото и од тогаш веќе добив поголемо искуство и сватив што е всушност суштината на држењето и движење на телото со канго обувките.

 

Колку е стар овој спорт и каде започнал ?

 

Овие обувки претходно биле малку поразлични и биле патентирани само како обувки кои се користеле како ортопедски помагала. Ги носеле луѓе кои имале проблем со рбетот, зглобовите, за подобро движење и слично. Потоа се патентирала оваа програма како фитнес програма донесена од генералниот директор Мика која што исто така е надлежна за овие обувки, за организација на сите настани кои што се случуваат во светот, бев на неколку од нив и навистина е одлична можноста да се посети тоа. Значи ова функционира околу 13 години како еден патентиран спорт. Чест ми е што и кај нас можам да го претставам како фитнес програма.

 

Дали се знае основоположникот на кангото ?

 

Неговиот основоположник е таткото на Мика, тој го патентирал на некој начин и потоа инструкторите го направиле да функционира во дел на спорт.

 

 

На каков вид на музиика се вежба овој спорт ?

 

Се вежба на посебен вид на музика, миксови кои траат од 50 до 60 минути. Исто така миксовите се направени да започнат со загревање и краен дел со опуштање на часот. Еден микс е составен од блокови, 32 такта во еден блок, специјална музика наменета за овој спорт, затоа што се работи за посебна програма и посебна музика, па мора тактот да биде усогласен со елементите.

 

Колку просечно трае еден канго час, еден тренинг ?

 

60 минути трае, морам да напоменам дека имаме од 5 до 7 минути загревање и на крајот 3 до 5 минути опуштање.

 

Колку вакви канго клубови има во Македонија и колку кангото е популарно во Прилеп ?

 

Бројката која што е имаме е навистина добра затоа што е еден многу добар спорт кој што е развиен во светот, а кај нас барем според мене на почетокот беше табу тема. Но има доста добри тренери тука, лиценцирани инструктори кои што работат, мојата колешка Павлинка од Струмица, Хајди од Штип, исто генералните застапници за Македонија Лепа Јовиќ од Велес, Ивана во Скопје, Тетово, Гостивар, значи застапено е во цела Македонија. Јас сум тука во Прилеп и планирам да отворам клуб и во Битола, затоа што се уште нема канго клуб во Битола.

 

 

На 25 ноември, кога ќе се одржи првиот прилепски полу маратон, планирате со овие обувки да истрчате 21 км. ?

 

На почетокот беше само идеја која што сакав да ја остварам, колегите инструкторите на канго прават некои мали трчања со канго обувки, но во секој случај никој го нема направено тоа на некоја поголема километража. Тоа беше моја одлука да направам 21 км. Тоа ќе биде за прв пат во Македонија. На Балканот и пошироко нема досега, се надевам дека ќе се заврши сето тоа со добро време што е голем предизвик за мене.

 

Дали некако се подготвуваш за овој подвиг ?

 

Искрено моите тренинзи тука се доволни за да физички се издржи сето тоа, планирам неделата пред полу маратонот да почнам да правам тренинзи кои ќе бидат малку пократки затоа што во секој случај сакам да ја користам таа енергија точно таму на полу маратонот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien