ВИДЕО – Свеста на општеството за лицата со Даунов синдром се уште на ниско ниво

Иако работите се далеку подобри за разлика од минатото, за жал во Македонија се уште постојат стигматизацијата и стереотипите спрема лицата со Даунов синдром. Најчесто прстот за овој проблем се вперува во воспитувањето од страна на родителите кои не ги учеле своите деца тие нормално да ги прифатат и да се дружат со лицата со посебни потребни.

 

 

„Многу родители не ги воспитуваат доволно децата за да ги прифатат овие деца. Мани му покажуваат родителите дека тие деца ќе направат проблем, дека ќе ги удрат и слично. Мора овие работи кај родителите да се искоренат“, рече Виолета Јованоска, баба на дете со посебни потреби.

 

За среќа има и позитивнии примери, кои за жал се поретки.

 

„Кај мене децата се прифатени и од фамилијата ии од околината. Исто така детево си контактира со другарчиња“, вели Ацка Божиноска згрижува деца.

 

Според дефектолозите свеста на заедницата за сите лица со попреченост била на ниско ниво. Проблеми имало уште од предшколските и школските установи. За жал дури и дел од наставничкиот кадар во редовното образование не ги прифаќал овие деца со широко отворени раце.

 

„Се уште се бориме со тоа дали ги сакаме или не ги сакаме тие деца, се уште се прашуваме дали тие деца имаат можности за ваму или за таму, дали имаат можност за во посебнии паралелкии или во редови паралелки“, истакна Светлана Миоковиќ Томеска, дефектолог во ООу „Св. Климент Охридски“.

 

Во посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп, во присуство на ученици од редовната настава беше промовирана детската едукативна сликовница „Иван и Илина“ за лицата со Даунов синдром на авторот Мимоза Петревска Георгиева, која е и мајка на девојче со Даунов синдром.

 

„Децата со кои доаѓа во допир мојата ќерка па и немаат некои информации за тоа какви се овие деца, што им е потребно. Па така кога не знаеме се плашиме, кога не знаеме се повлекуваме или сме збунети, тоа многу пати сум го забележала кај дечињата и преку оваа сликовница, преку една нарација која ќе им биде блиска и разбирлива се обидувам да им кажам како е тоа да се има другарче со Даунов синдром“, изјави Мимоза Петревска Георгиева, родител на дете со Даунов синдром.

 

За да се урнат бариерите во општеството оваа сликовница ќе се подели бесплатно во неколку училишта во Прилеп, Штип, Струмица, Тетово и Скопје.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи