Во Индија е отворена првата болница за слонови

Во северно индиската држава Утар Прадеш е отворена првата болница за слонови, која е опремена со најсовремени средства за лечење на овие животни, важни за индиската култура, а која со тоа привлекува голем број локални но и странски туристи.

 

Во болницата првиот пациент е 49-годишната слоница Аша, која имала повреда на својата предна лева нога.

 

Болницата се простира на повеќе од 12.000 квадратни метри, опремена меѓудругото со безжичен дигитален ренгенски уред, апарат за термографско снимање, ултрасонографски уред и карантински простории. Оваа установа е наменета за лекување на повредени, болни и стари слонови.

 

Слоновите се важен дел од индиската култура и многу се присутни на фестивалите, а се користат и како туристичка атракција во северните и западните региони.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien