Во Маврово 25 сантиметри снег, најмногу дожд во Битола

Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат на Маврово каде е формирана снежна покривка од 25 сантиметри. Снег има и во Крушево и Лазарополе 18, Попова Шапка 17, Тополчани 16, Претор 14, Битола 13, Берово и Ѓуриште 10 сантиметри.

 

Врнежи од дожд имаше во Битола, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следи Гевгелија со 34,  Претор со 31,  27 во Демир Капија, 24 во Дојран, 23 во Струмица, 20 во Прилеп, Штип и Виница, 19 во Крушево и Тополчани, информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР.

 

За денеска се најавува делумно и краткотрајно намалување на облачноста,но преку вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Дневната температура ќе се движи од 5 до 14 степени.

 

Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до седум степени.

 

Од утре под влијание на потопол влажен бран ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на запад се очекува локално да наврнат и 40 литри на метар квадратен. Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien