Борисов нареди проверка на бугарските пасоши издадени на странци

Бугарскиот премиер Бојко Борисов им наложи на Министерството за внатрешни работи и на Државната агенција за национална бебзедност да извршат проверка на над 40.000  бугарските патни документи издадени на странци во последните пет години.

 

Тие треба да бидат проверени во најкраток можен рок, а резултатите од ревизијата, по барање на премиерот Борисов, ќе треба да му бидат предадени лично нему.

 

Македонците се најчестите баратели на бугарско државјанство, покажуваат податоците од бугарските институции. Голем интерес за добивање на бугарски пасош има и во Украина, Молдавија, Србија и Русија, а високо на листата котираат и Турција и Израел. Бугарските медиуми одбјавуваат дека од мај 2017 до истиот месец оваа година, вкупно 17.793 лица побарале бугарско државјанство, од кои над 10.000 од овие барања се поднесени од македонски граѓани.

 

Сепак Македонците кои поседуваат бугарски пасоши, според првиот човек на Бугарскиот културен клуб во земјава, Лазар Младенов, не траба да стравуваат дека ќе им биде одземен, бидејќи над 99 проценти од македонските граѓани документите ги добиле по легален пат. Доколку пак патната исправа била стекната со заобиколување на неопходните процедури, ќе следува одземање на документот

 

Барањето на Борисов следи откако кон крајот на минатиот месец  Јавното обвинителство на Бугарија објави дека открило измами при издавањето на бугарски пасоши на странски државјани, во која била вмешана Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство.

 

Во рамки на оваа истрага, на 31 октомври беа уапсени директорот на Државната агенција за Бугарите кои живеат во странство и 19 службеници во оваа институција.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien