ВИДЕО – Вистинско чудо како досега e жив, 10 години живее сам, со многу болести, без струја и без огрев

Десет години живее сам, без струја, без помош од никого, кога ќе дојде зима нема огрев, се топли само со кебиња, јади претежно сува храна, боледува од толку многу болести за кои што неможе да си ги дозволи сите потребни лекови. Вистинско чудо е како досега e жив. Ова е тажната животна приказна на Златко Соколоски од Прилеп.

 

 

„Два пати сум правен операција од тумор во главата. Имам епилепсија која многу има земено голем замав. Таа болест е многу лоша за сам човек. Ако добие напад нема кој да му помогне. Исто пијам апчиња за срце, а имам проблем и со едното око, не гледам, многу се скапи тие вештачки солзи и неможам редовно да ги користам“, вели Соколоски.

 

Иако месечните примања му се окопу 13.000 денари, семејна пензија и нега, вели дека скоро 4.000 денари дава за лекови, над 3.000 денари секој месец му запирале извршителите за разни долгови како неплатена, струја, вода и други комунални давачки. Она што му останува како приход е за храната.

 

„И сам веќе незнам за што ми запираат. Кога да отидам има нови извршители и од различни банки си пуштаат, а не од мојата банка за одблокирање да не се плаќа“, додаде Соколоски.

 

Струјата му е исклучена поради тоа што на диво се приклучил пред 10 години и сега плаќа казна од 150.000 денари. Моментално се соочува со уште еден проблем, можно иселување од државниот стан за кој што нема пари да плати околу 155.000 денари за кирија. Очајно бара помош од државата и добронамерни луѓе.

 

„Сакам да останам да живеам во станов, да имам струја и да имам хигиена за да можам помеѓу луѓе да се смешам, вака без хигиена неможам никаде да излезам“, рече Соколоски.

 

Вели дека неможе повеќе да продолжи да живее вака, понекогаш му било мака од самиот живот.

 

„Ако ме избркаат од станот сите долгови остануваат, извршителите ќе си ги земаат долговите. Што значи неможам ниту во старски дом да отидам бидејќи немам доволно примања за да платам во старскиот дом“, кажа Соколоски.

 

Соколоски се надева дека овој негов апел ќе стигне до некого и дека конечно ќе започне да живее нормален живот.

 

СЕКОЈ КОЈ САКА МОЖЕ ДА ГО КОНТАКТИРА ЗЛАТКО СОКОЛОСКИ НА 077-875-946 !

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien