Светски ден на детето – да покажеме дека ги почитуваме нивните права

Денеска е Светскиот ден на детето, 20 ноември, кој годинава се обележува во знакот на сината боја. По тој повод од канцеларијата на Народниот правобранител повикаа денес сите да облечеме сина маица, син беџ или мал син детаљ, или како што велат, да го обоиме овој 20 ноември во сино, со што ќе покажеме дека ги почитуваме правата на децата и да им дадеме до знаење колку се тие важни за општеството.

 

„Да покажеме дека ги почитуваме нивните права: да одат на училиште и таму да бидат безбедни, да учат, да имаат слободно време, да учествуваат во донесувањето на одлуките што се однесуваат на нив, да се чувствуваат како дел од заедницата, семејството, да научат да разговараат, да си простуваат, да сакаат и да бидат сакани. Кусо кажано, да им дадеме до знаење колку се тие важни за општеството, за неговиот просперитет/развој. Но, и да им покажеме дека секогаш сме тука да им помогнеме и да ги заштитиме, особено денес во ерата на масовното ширење на социјалните медиуми, кои имаат и позитивно, но и негативно влијание врз нив. Да ги научиме како да ја користат оваа нова алтка за комуницирање, но и како да ги спознаат опасностите што ги демнат“, се наведува во соопштението на народниот преавобранител.

 

Народниот правобранител, се додава во соопштението, и годинава ја користи оваа пригода на Светскиот ден на детето да потсети на важноста на процесот на воспитување на децата, од нивното вклучување во сите текови на општеството, од потребата за нивна заштита од насилството како во училиштата така и во семејството затоа што само здрава изградена личност може да создава здраво, демократско толерантно општетство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien