ВИДЕО – Пазарот во Прилеп е срцето на градот – сторија за еден од најстарите пазари во Македонија

Ако старата чаршија е душата на Прилеп, тогаш пазарот кој се наоѓа веднаш до неа е срцето на градот. Пазарот во Прилеп не е само место каде само се купуваат производи како овошје, зеленчук, сирење, месо и други производи. Тој е составен дел од начинот на живот на прилепчани. Велат ако во среда и сабота не отидеш на пазар исто како ништо да не си направил.

 

Пазарот во Прилеп не е само купување, тука луѓето не доаѓаат само да пазарат, доаѓаат да си помуабетат со продавачиите, со трговците, да се видат со пријателите. Да се напијат кафе или по една ракија во околните кафеани и секако да го истераат познатиот прилепски мајтап.  Токму затоа пазарот во Прилеп и денес им пркоси на големите ланци на маркети каде можеби зеленчукот и овошјето се поефтини, но го немаат овој шмек кој го има тука.

 

Во ова живо јавување од Прилеп за Сител телевизија зборуваат голем број пазарџии, трговци, угостителот Кире Илиоски – Камбер и етнологот од Завод и Музеј Прилеп, Александар Цветкоски.

 

ИЗВОР : СИТЕЛ

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien