ВИДЕО – Средствата од светиниколскиот турнир во мал фудбал ќе бидат наменети за лицата со цистична фиброза

Традиционалниот турир во мал фудбал „Светии Никола“ и годинава по 8-ми пат ќе се одржи од 7 до 25 декември. Организатори се „Локалниот  спортски сојуз“ и Општина Прилеп, а организацијата на турнирот е поддржана од компанијата „Комфи Ангел“. И годинава наградниот фонд останува исто како лании 330.000 денари. Како и секоја така и оваа година турнирот има хуманитарен карактер, а собраните средства ќе бидат донирани на лицата со цистична фиброза.

 

 

„ Да се заблагодарам на градоначалникот Илија Јованоски и компанијата „Комфи Ангел“ за безрезервната поддршка ние како коорганизатори Локалниот спортски сојуз сме благодарни што продолжува оваа традиција. Во делот на техничките припреми ние сме веќе проверен и докажан тим од лани кој ќе се потрудиме да не се случат никакви аномалии за време на одржувањето на турнирот. Наградниот фонд останува исто како лании 330.000 денари, за прво место 160.000 денари, за второ место 90.000 денари и за трето место 60.000 денари. За ветераните наградата останува 20.000 денари. Во пионерските категориии наградени ќе бидат најмладите со блузони, дуксери и топки. Пријавувањето е до 4 декември и тоа изнесува 5.000 денари за сениорите, 3.000 денари за ветераните и 1.500 денари за пионерите“, рече Рубинчо Илиоски, „Локален спортски сојуз“.

 

Менаџерот на компанијата „Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска, истакна дека тие како компанија биле подеднакво среќни и горди што можеле и понатаму да држат континуитет во одржувањето на овој турнир и нивниот став како компанија бил дека само ако има континуитет и квалитет во однос на одржувањето на турнирот само така ќе можело да се гради историја.

 

„Сакам да потенцирам исто и тоа дека „Комфи Ангел“ и понатаму учествува во одржливоста на турнирот и е еден од иницијаторите на овој светиниколски турнир и секако дека ја користам оваа прилика да не го заборавиме главниот актер кој што го иницираше турнирот, мојот покоен татко Велимир Јакимовски и многу ми е драго што е инициран од негова страна, од една заедничка игра на љубителите на фурдбалот, тој прерасна во она што е денес, еден од најелитните турнири во мал фудбал во државава. Се надевам дека фудбалот повторно ќе победи и ќе имаме можност да гледаме квалитетни и убави игри ии ја кориситам оваа прилика да посакам најдобрите да ја добијат наградата. Сакам да кажам и тоа дека ми е драго што иницијативата за хуманиот карактер на овој турнир одии таму каде што треба и каде што е најнеопходно и се надевам дека ќе има доволно учество и партиципација на прилепчани кои ќе го поддржат овој турнир“, истакна Ирена Јакимоска, менаџер на „Комфи Ангел“.

 

Од Општина Прилеп рекоа дека за неколку дена ќе се знаеле и сите останати пропозиции за учесниците на овој турнир.

 

„Мината година средствата кои беа собрани, околу 180.000 денари, ги подаривме на Центарот за церебрална парализа, а овогодишните средства од овој турнир ќе бидат наменети за децата со ретки болести, како што е цистичната фиброза, која што е навистина ретка болест и овие пациенти иимаат целогодишна терапија и затоа им се потребни повеќе финансиски средства. Јас се надевам дека и оваа година како и лани ќе имаме одговорни компании и граѓании кои ќе го поддржат турнирот и ќе имаме голем број на екипи“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien