Дескоска: Ќе побараме отповикување на одлуката за азил

Министерката за правда на Република Македонија Ренада Дескоска рече дека земјава ќе испрати барање Унгарците да ја преиспитаат одлуката за азил дадена на осудениот екс-премиер, Никола Груевски.

 

Дескоска додаде дека унгарскиот правен систем дозволува таква постапка и појасни дека според правните легислативи на Унгарија, ако Груевски не добие унгарско државјанство, неговата дозвола за азил повторно ќе биде ставена на разгледување по истекот на три години.

 

,,Има и други можности, погледнете ги и другите закони. Унгарија има нов закон којшто се однесува на азилот, којшто е прилично рестриктивен и којшто дава можност дури и за отповикување на дадена одлука за азил. Владата размислува да испрати барање за отповикување на одлуката за азил од причини што доколку одлуката е заснована врз определени факти, коишто не се такви какви што се, државата има право да ја поништи таа одлука. Гледајќи го унгарскиот закон оние што добиваат азил, доколку не добијат државјанство на државата или трајно жителство, нивната одлука за азил се преиспитува по службена должност на секои три години”, вели Дескоска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien