Притвор за Мијалков – одбраната ќе поднесе жалба

Одбраната на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој синоќа беше притворен, најави дека во текот на денов ќе поднесе жалба, бидејќи смета дека без да се повика и сослуша обвинетиот е недозволиво да му се одреди мерка притвор.

 

„Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде одредена мерка притвор“, изјави Антонио Апастолски, еден од адвокатите кои го бранат Мијалков.

 

Појасни дека Мијалков е притворен со образложение дека постои опасност за бегство. Решението за притвор е донесено по барање од обвинителите на СЈО.

 

Поранешниот директор на УБК синоќа беше спроведен од хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје во затворот во Шутка, а неговите адвокати најавија дека ќе го искористат правото на жалба. Посочија дека неговото приведување е незаконско и најавија жалби до Апелацискиот суд.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien