Усвоен моделот за реформа на УБК – ќе се оддели од МВР

Владата го разгледа и усвои предлог-моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем, со план за негово воспоставување, соопшти владината прес-служба. Со новиот модел, УБК се одделува од МВР.

 

„Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, со план за негово воспоставување. На седницата Владата на РМ го задолжи Министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните органи на државната управа и други институции да ги координира сите активности кои произлегуваат од реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија“, информираа од Владата.

 

Ова значи дека УБК отсега ќе функционира како посебно и независно тело, надвор од МВР, но под ингеренции на Владата. Според усвоениот план, тајната полиција ќе се претвори во разузнавачка и контраразузнавачка служба, ќе има превентивна, а не репресивна функција со јасна поделба на овластувањата, автономија во истраги и целосна деполитизација.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien