Гласајте за Благојче Златановски – Лале да биде првиот македонец член на поларна експедиција во Шведска

Порталот bitolanews.mk  пренесува за тоа дека битолчанецот Благојче (Лале) Златановски го делат уште 25 дена, но и неколку илјади гласови на социјалната мрежа „Фејсбук“, кои треба да ги собере за да си обезбеди место на поларната експедиција низ Северна Шведска која ја организира познатиот спортски бренд „Fjallraven“. Триста километри поминати во шест дена на северот на Шведска на -30 степени, ова е предизвикот со кој ќе се соочи битолчанецот Лале, кој живее во Шведска. Моментално е на третото место на гласањето кое се одбива он-лајн .

 

„Да се биде во северна Шведска една недела и да се спие на отворено во шатори повлекува одреден ризик, но решен сум да бидам дел од ова неверојатно нешто и да се соочам со најголемиот предизвик во мојот живот досега“, изјавува за bitolanews Златановски.

 

Благојче е голем авантурист кој сака да патува и да посетува несекојдневни земји. Едно такво патување неодамна имаше во Етиопија, Танзанија и Фарските Острови.

 

„Во текот на годините имам патувано многу, но најголем впечаток ми оставија Северна Кореја, Грузија, Ерменија, Бали, Тајланд, Колумбија и секако Македонија“, додава Благојче.

 

 

Македонија, поточно Битола ја посетува секогаш кога е во можност заедно со својата сопруга и трите сина. Неговите родители се од битолско и времето поминато овде секогаш е доживување за нив.

 

За првиот македонец кој е дел од поларна експедиција во Шведска може да гласате на следниот линк :

 

https://polar.fjallraven.com/contestant/?id=4962&fbclid=IwAR3kYBJUxzdwQ_7H9X6GlixcIupFZ2kOAVgSXH_D-we958lgpA-Yghvd8GQ

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи