Изложба од Методи Исков во Прилеп

Во петок 23.11.2018 во 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ќе биде отворена изложба – инсталација „Празна галерија“ од прилепскиот уметник Методи Исков. Преку насловот на изложбата „Празна Галерија“, Исков сака да поттикне критичко – филозофски став со кој сите заедно ќе се доближат до призмата низ која се согледува денешниот поглед кон уметноста.

 

Методи Исков е роден на 24.05.1990год. во Штип. 2009 година завршува Гимназија во Прилеп, јазично-уметничко подрачје. Во 2014 год. дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на Станко Павлески.

 

Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработката на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје, учество при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат мозаиците во Црквата Св. „Константин и Елена“ – Скопје, мозаик поставен во базиликата на Св. „Благовештение“ во Назарет – Израел со ликот на Пресвета Богородица, мозаиците во Црквата Св. ”Петка” – Прилеп итн.

 

Повеќе мурали во градот Прилеп, од кои може да се истакне муралот во Градска Библиотека ‘’Борка Талески” – Прилеп’, уметничко уредување на „Етно Крушево“ и многу други. Моментално живее и работи во Прилеп и своето искуство го проширува кон графичкиот дизајн и дизајнот на ентериери.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien