Прилепските фризери, бербери и козметичари најавуваат спектакл од европски калибар – „Prilep Special Show“

Над 150 учесници, фризери, бербери и козметичари од Македонија и странство ќе бидат дел од големиот спектакл „Prilep Special Show“ кој на 2 и 3 декември оваа година ќе се одржи во домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Организатор на настанот е здружението на фризери, бербери и козметичари од Прилеп. Оваа манифестација за прв пат се одржа лани и предизвика огромен интерес кај јавноста затоа што е единствен настан од ваков вид во Македонија. Годинава новитет е тоа што „Prilep Special Show“ ќе трае 2 дена.

 

„Здружението на бербери, фризери и козметичари втора година по ред го организира Prilep special show, а оваа година се потрудивме да донесиме врвни ексклузивни гости надвор од нашава држава, така да прилепскиот народ и Македонија ќе може да види нешто досега невидено. Нашите гости што ни се поканети надвор од државава се Митија Тафчер од Словенија, Бобо Шаола од Србија, Димитрис Папас од Грција, Снежана Доксановиќ од Србија, која е повеќекратен државен првак во правење на свечени фризури, така да прилепскиот народ и цела Македонија ќе има што да видат. Затоа јавно ве повикуваме да повелите да дојдите, да не посетите во домот на културата Марко Цепенков на 2 и 3 декември. На 2 декември ќе има специјално шоу што ќе содржи забавен карактер. Ќе имаме и дополнителна програма и забава од страна на стенд ап комичари како Марјан Ѓорѓиевски, инаку познат водител кој ќе не води кон сето ова е Александар Блажевски“, рече Снежана Ристеска, фризер.

 

Шоуто е насловено „Prilep Special Show – Movies night“ бидејќи групите ќе одберат омилена сцена од одреден филм која што ќе ја презентираат.

 

„Оваа година тема на шоуто е movies night, каде што групите ќе може да одберат свој филм и спрема стајлингот на актерите во филмот да одредат фризура и шминка. Од Македонија се најавени околу 20-тина групи кои ќе настапуваат од прилика со 5 модели“, кажа Емилија Костадиноска, фризер.

 

„Нашите гости ќе имаат свои тимови кои ќе преставуваат шминка и фризура од одреден филм, така да мислам дека вреди да се види и не само што е од забавен карактер, нас треба да ни биде чест што присуствуваат такви гости, што ние, нашиве прилепчани и македонци да видиме нешто што е подобро“, истакна Ристеска.

 

По завршувањето на првиот ден од „Prilep Special Show“ забавата ќе продолжи со забава во фоајето на Марко Цененков со DJ и Караоке Шоу со Александар Блажески до раните утринските часови. На вториот ден од настанот на 03 декември програмата продолжува со технички и едукативни семинари на најпознатите фирми во светот козметиката и убавината! Сите фризери, бербери и козметичари ќе може да присуствуваат на овој семинар. А целокупниот програм ќе биде збогатен со над 15 штандови на кои ќе се презентираат врвни производи со саемски цени.

 

„Исто ги покануваме сите наши колеги фризери, козметичари, бербери, можат да учествуваат исто на 3 декември, така да ќе има штандови, ќе има презентација на козметика и ред други работи и вреди да се посети. Може да едуцираат се повеќе и повеќе, тоа е наша надоградба“, додаде Ристеска.

 

„На 3 декември ги очекуваме сите колеги од нашиот град и колегите од цела Македонија, кои што се надеваме дека ќе останат и на 3-ти со нивното доаѓање на 2-ри, каде ќе настапат со нивното шоу. Очекуваме да останат и да бидат присутни и на едикативниот дел“, потенцираше Костадиноска.

 

„Новитет оваа година на Prilep special show е тоа што ќе имаме гости со штандови, на кои ќе се презентира прибор, алати и производи од секоја програма на секој штанд што ќе бидат гости на ова Prilep special show. Оваа година на штандовите, секој од граѓаните и учесниците и фризерите во нашиов град, а и гостите ќе можат да набават производи кои досега ги немаат видено во продажната мрежа, а воедно ќе се презентира и работа на лице место, како се изработува фризура и шминка“, рече Сузана Релушкоска, козметичар.

 

Собраните средства од влезниците за „Prilep Special Show“ кои ќе изнесуваат симболични 100 денари ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien