Германски компании се интересираат за Македонија, но недостасуваат квалификувани кадри

Македонија има услови да привлече повеќе германски инвестиции, но нема доволно квалификуван кадар. Треба да се работи на запирање на одливот на мозоци, порача директорот на Одделот за проширување на ЕУ во германското Министерство за економија, Хелге Толксдорф.

 

„Гледаме дека има сè поголем интерес на германските компании да се вклучат во земјата, тоа е предизвик и мора да инвестираме многу повеќе во образованието за да обезбедиме соодветна околина за инвестициите. Германките инвеститори сакаат да дојдат во земјата и сакаме да го спречиме одливот на мозоци“, рече Хелге Толксдорф, Министерство за економија на Германија.

 

Како што напомена вицепремиерот Кочо Анѓушев, образованието секако ќе биде во фокусот со оглед дека практичното искуство и квалификуваните кадри се една од клучните слабости на македонската економија.

 

„Ќе обезбедиме повеќе македонски производи да завршат на германските пазари, повеќе германски производи, технологии, know-how да завршат во Македонија, да имаме повеќе директни германски инвеститори во нашата држава“, изјави Кочо Анѓушев.

 

Денеска во владата беше формиран Управувачки комитет за македонско-германска соработка. Тој има за цел преку грантови, донации и пренесување на искуства да ја подобри економската соработка меѓу двете земји. Досега Германија има формирано четири вакви комитети во регионот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien