Две комедии во една вечер на „Чин 4 Сцена 5“ – двочасовно смеење до солзи

По повод 130 години од поставувањето на првиот драмски текст на францускиот мајстор на комедијата, Жорж Фејдо, театар „Чин 4 Сцена 5“ на 05.12.2018 година (среда) во киното Мис Стон одржи еден несекојдневен настан – ДВЕ КОМЕДИИ ВО ЕДНА ВЕЧЕР! Публиката ќе има прилика да ги погледне урнебесните комедии „Ај, не туку ми се шетај гола“, и „Ти спиеш, тебе ти се спие“, во едно поинакво светло. А што точно ќе се случува од  „Чин 4 Сцена 5“ велат дека тоа ќе биде изненадување за присутните.

 

Играат: Леона Митревска, Димитар Паскоски, Лора Штаргоска, Теа Кокондоска, Анастасија Конеска, Валерија Чавлеска, Бобан Смилкоски и Марко Ѓорески. 

 

Влезот е 80 денари за двете претстави!  За информации и резервации на телефонскиот број 075 48 66 57, секој работен ден од 10 – 13, и од 18 – 20 часот.

 

Повелете, нема да зажалите, ветуваме двочасовно смеење до солзи!

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien