Орбан: Груевски е сојузник кој помогна во заштита на границите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за првпат јавно се изјасни за азилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Во интервју за радиото Кошут, Орбан рече Груевски е сојузник без кој било невозможно да се одбранат границите на Унгарија.

 

„Станува збор за поранешен лидер на блиска земја, земја која имаше клучна улога за справување со нелегалната миграција. Без таа помош ќе беше многу потешко да се одбранат унгарските граници, Човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници“, рече Орбан, потенцирајќи дека тој и Груевски биле сојузници.

 

Како што посочи, Унгарија веќе 30 години функционира како демократија, и ова не е прв пат да прима важни луѓе, но претходните случаи немале тежина како тој на Груевски.

 

Тој ги обвини Џорџ Сорос и неговите организации дека стојат зад прогонот на Груевски, но одби да ги коментира постапките кои против поранешниот македонски премиер се водат во Македонија. Против Груевски се врши прогон поради тоа што изгради ограда на границите, смета унгарскиот премиер.

 

За доделениот азил, Орбан вели дека не станува збор за никакво беззаконие, туку за еден правичен процес. Тој нагласува дека постапката не била спроведена од страна на унгарската влада, бидејќи сметал дека владата е подобро да стои подалеку од тоа прашање.

 

Орбан рече дека унгарските власти ќе го разгледаат барањето за екстрадиција на македонските власти.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien