ВИДЕО – Благоја Мирески со канго обувки го истрча прилепскиот полумаратон долг 21 км.

Како пикантерија напрвиот прилепски полумаратон беше тоа што за прв пат на Балканот, а можеби и во Европа, Благоја Мирески од Прилеп истрча 21км. со канго обувки. Вели дека не било воопшто лесно, но неговата желба да успее била поголема од се.

 

 

„Искуството беше огромно. На моја огромна чест и задоволство завршив точно на времето на кое што ии очекував, помалку од 2 часа. Не можам да кажам, дека беше лесно, не беше ниту малку лесно, но желбата беше многу поголема. Нерамнините на патот и дождот  малку ја отежнаа целата ситуација. Но во секој случај моето си го направив и дадов се од себе и ја завршив трката за 1 час и 55 минути.  Најтешко беше во делот кај Точила каде има угорница, а потоа по ул. „Марксова“ е веднаш удолница, контролата на телото во тој дел беше малку потешка и притисокот на нозете беше поголем. Немаше ситуација каде ми беше толку тешко за да речам е сега не можам повеќе. И покрај се секогаш работеше потсвества во мене да продолжам, немав дел каде ми беше падната толку многу мотивацијата, постојано продолжував напред“, изјави Благоја Мирески, учесник на маратонот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien