ВИДЕО – Победникот на прилепскиот полумаратон постави и нов армиски рекорд во маратон на 42 км.

Игор МЦ Јакимовски беше дел од маратонот за воени лица на кои требаше да се истрчаат 42. километри под полна опрема. Јакимовски е член на повеќе атлетски клубови, вработен во АРМ и со многу успеси зад себе. Игор ја полни својата спортска биографија. Учесник на 2 воени олимпијади, повеќекратен шампион во АРМ, државен првак во планинско трчање и спортист на годината во АРМ за 2012 година.

 

„Еве сум со македонското знаме. Три и пол часа трчав и сега го извадив македонското знаме да се види и да се знае кој истрча 42. километри и постави нов рекорд, во наши оквири…“, вели меѓу другото Игор МЦ Јакимовски додека трча кон целта на маратонот… Тој додава дека ги поместува границите и ќе продолжи да ги поместува!

 

Погледнете:

 

 

 

Finish !!!!!

Posted by Igor MC Jakimovski on Недела, 18 ноември 2018

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien