Еколошките налепници ќе се делат без мерење на издувните гасови

Наместо мерење на издувните гасови новото законско решение предвидува бојата на еколошката налепницата за возилото да зависи од тоа под кој еуро стандард е произведен автомобилот.

 

Штом ќе се донесат измените на законот за возила кој е во собраниска процедура еколошките налепниците без никакви мерења на издувните гасови ќе ги издаваат техничките служби попопознати како служби за хомологација врз основа на сообраќајната и потврдата за сообразност каде е впишано кога е произведен автомобилот, во која еуро група спаѓа според нивото за емисија на честички во воздухот.

 

Според предлог законот зелени налепници ќе добијат возилата со Еуро 5 и Еуро 6 европските емисиони стандарди како и возила со Еуро 4 стандард на кои е вграден плински уред, вози на метан.

 

Жолти налепници ќе добијат возилата со Еуро 4 и Еуро 3 стандард а во оваа група ќе влезат и еуро 2 со плин или метан.

 

Црвена налепница ќе добијат возилата со Еуро 2 и пониско за кои производителот нема дефинирано емисија на издувни гасови.

 

Категоризацијата според новиот закон би се правела само еднаш и налепницата би важела сè додека не се смени законот или во возилото не се вгради плин или метан со што возилото би можело да помине во повисока категорија.

 

Екологистите сметаат дека воведувањето еколошки налепници без да се изврши било какво мерење на издувните гасови е бесмислена мерка, бидејќи тоа треба да биде врз основа на реалното загадување кое го прави возилото, а не само врз основа на годината на производство и моделот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien