Лидерите на ЕУ дадоа зелено светло за Брегзит, кој Британија може да ја чини 100 милијарди фунти годишно

Лидерите на земјите-членки на Европската Унија го поддржаа договорот за Брегзит, на вонредниот самит што се одржа во Брисел. Нацрт-декларацијата за идните односи помеѓу Британија и ЕУ претходно беше одобрена и од британската влада, но премиерката Тереза Меј допрва треба да ги убеди пратениците во парламентот да дадат зелено светло за договорот.

 

Меј се соочи со отворен бунт на пратеници од својата партија, како и од опозицијата, кои сметаат дека договорот е штетен за Британија.

 

„Лидерите на 27-те членки на ЕУ ги поддржаа договорот за повлекување и политичката декларација за идните односи помеѓу ЕУ и Британија“, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

 

Во студија направена од страна на Националниот институт за економски и социјални истражувања, а побарана од британската група „Гласот на народот“, која води кампања за втор референдум за конечниот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија се наведува дека Брегзит ќе ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно.

 

Договорот на премиерката Тереза ​​Мај со Брисел во просек ќе го чини секој Британец над 1.000 фунти годишно во следната деценија, открива првата независна анализа на договорот за Брегзит. Исто така, за 46 проценти ќе се намали трговијата со ЕУ и е можен пад од 21 отсто на странските директни инвестиции.

 

Сепак, и покрај тоа, британската премиерка Меј цврсто останува на ставот дека договорот е од национален интерес за Британија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien