Регулаторна: Бензините поевтинуваат за 4 денари, дизелот за 3.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, намалени цени на горивата.

 

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 6.53%.

 

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 4.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63.00, односно 65.00 денари.

 

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 61.00 денари.

 

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien