Украина прогласи воена состојба – бара Русија итно да ги ослободи запленетите бродови

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, воведе воена состојба во државата и побара Русија итно да ги ослободи украинските бродови запленети во Црното Море, обвинувајќи ја за воена агресија.

 

Таквиот чекор следуваше по ескалацијата на тензиите, кога руската армија отвори оган и заплени три украински брода кои влегоа во руски територијални води, при што 6 украински морнари беа повредени.

 

Со неговиот потпис на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана мерката ќе биде во сила следните 60 дена, односно до 26 јануари 2019 година.

 

Прогласувањето воена состојба може да доведе до масовна и задолжителна воена служба, рестрикции во медиумите и јавни демонстрации и суспендирање на евентуални избори во земјата.

 

Советот за безбедност на Обединетите нации свика вонреден состанок за да се разгледа ситуацијата, со цел да се спречи ескалација на тензиите.

 

Во меѓувреме, и НАТО закажа вонреден состанок поради инцидентот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien