Брачна двојка чистејќи го станот пронашла добитно лото ливче од 1.8 милиони долари

Брачна двојка од Луизијана, чистејќи го својот стан пред Денот на благодарноста, пронајде добитно ливче од лотарија. Тина Еренберг истакна дека пронашла многу ливчиња во ноќното орманче за време на чистењето на домот, кој го подготвувале за семејна прослава на Денот на благодарноста. Едно од пронајдените ливчиња, речиси две недели пред истекот на рокот, имало добивка од 1,8 милиони долари.

 

„Ги проверивме бројките безброј пати, изјави Харолд Еренберг.

Тој додаде дека постојано очекувале нешто лошо да се случи пред официјално да ја земат наградата.

Двојката живее во Мандевил, гратче во близина на главниот град Батон Руж.

По одбивањето на државниот и сојузниот данок, ќе им останат 1,3 милиони долари, кои ќе ги чуваат за пензионерски денови.

„Не планираме некои огромни пазарења, ниту големи патувања“, вели госпоѓата Еренберг

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien