Критична Маса 54 – Велосипедска патека сум дете, не ме знаеш ти, од Прилеп си!

Прилеп и понатаму останува единствен поголем град во Македонија кој нема ниту сообраќаен знак за вело – патека, а не пак функционална велосипедска патека.

 

Тажна е сликата кога се асфалтираат и реконструираат улиците низ градот, а притоа пешаците и велосипедистите се комплетно заборавени.

 

Прилеп е град со 0 км велосипедски патеки и тоа е поразителен факт, за чија промена за жал никој нема слух.

 

Во светот се прават велосипедски патеки од рециклирани материјали, соларни велосипедски патеки, вело- патеки кој ја апсорбираат дневната светлина и светат преку ноќ, кај нас се уште е проблем да се намести обичен сообраќаен знак за велосипедска патека.

 

Прилепчани сакаат да се движат низ градот на велосипед, и во лето и во зима, и стари и млади, но постојано се на небезбедните градски улици и тротоари и се чини никој не води грижа за нив и нивните потреби во сообраќајот.

 

Време е за велосипедски патеки во Прилеп, време е за вело инфраструктура, градот го заслужува тоа!

 

Стартот како и секогаш е кај споменикот Александар Македонски во 17:30 часот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien