Орбан во одбрана на Груевски пред унгарските пратеници

Политичкиот азил на екс премиерот Никола Груевски е меѓу главните теми во унгарскиот парламент. Одговарајќи ја прашања од пратениците, премиерот Виктор Орбан, повтори дека му е благодарен на поранешниот македонски премиер, за затворање на бегалската рута, и кажа дека Груевски бил прогонуван на меѓународно ниво од Сорос.

 

Унгарскиот премиер ја оцени и сегашната ситуација во Македонија, како место каде се случуваат политички игри, а во овие игри, како што кажа, вмешано е и владеењето на правото.

 

Орбан ги негираше информациите дека се сретнал со екс-премиерот на Македонија, Никола Груевски.

 

„Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Никола Груевски“, одговорил вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан на прашање во Парламентот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien