Трамп: Не ми се допаѓаат тензиите меѓу Русија и Украина

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател, Доналд Трамп рече дека не му се допаѓаат моменталните тензии меѓу Русија и Украина, еден ден откако армијата на Руската федерација зароби три украински брода што и покрај предупредувањата неовластено влегоа во руските територијални води.

 

„Никако не ни се допаѓа ова што се случува. Се надеваме дека тоа ќе биде решено“, рече Трамп во изјава за новинарите, додавајќи дека е подготвен со европските лидери да работи за надминување на ситуацијата.

 

Во меѓувреме, Русија денеска ги игнорираше предупредувањата на Западот, да ги ослободи украинските бродови и екипажот, обвинувајќи го Киев за заговор со западните сојузници со цел да испровоцира конфликт.

 

Ваквата конфронтација ги зголеми стравувањата од поширок воен конфликт.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи