Со „Љубовни пози на историјата“ од Горан Стефановски прилепскиот театар на фестивалот во Никшиќ

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „ Љубовни пози на историјата (,,Figurae, veneris, historiae“ ) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска,  ќе учествува на 15 издание на Меѓународниот фестивал на глумци што од 26 ноември до 2 декември 2018 се одржува во Никшиќ.

 

Настапот на театарот е на 29 ноември, а публиката ќе има можност да ја проследи одличната претстава која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста.

 

Претставата „Figurae Veneris Historiae“, во која играат  Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска , Игор Трпчески, Зоран Иваноски,  Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска , Димитар Црцороски,  Наташа Наумоска,  Илија Волчески,  Ангела Наумоска и Михајло Миленкоски,  јасно покажува дека војната менува сѐ, тргнува во неочекувани правци, ги трансформира луѓето, ги прави  ѕверови, непрепознатливи, различни од порано. Но колку и да изгледа парадоксално, вистинската сила која го придвижува дејството во оваа претстава не произлегува од суровоста и страдањето, туку од љубовта  и силните емоции.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien