ВИДЕО – Во недела хит претставата за деца и млади „Малата сирена“ во Прилеп

Танцовото студио и портал за современи изведувачки уметности „Зодијак“ од Прилеп во партнерска соработка со Училиштето за театар Чин 4 Сцена 5 од Прилеп, во недела  на  02 декември  2018 година во големата сала на Н.У. Центарот за култура „Марко Цепенков“ со почеток од 11:00 часот, премиерно ќе ја изведе новата хит претстава за деца и млади со наслов МАЛАТА СИРЕНА.

 

 

„Предизвикот беше во анимацијата и адаптацијата на ликот на Себастијан во претставата. Ја одбравме и мотивирани бевме да ја одбериме оваа претстава пред се затоа што е позната оваа бајка на сите кај помладите и децата и единствено поради тоа што е една од добитничките на два оскари за музика. Детскиот мјузикл е исполнет со безброј певливи музички песнички и колоритни костими, кореографија, се што е потребно за еден целосен изглед на вакво музичко сценско дело. Ја работевме доста долго, бидејќи предизвик беше да се работи и лично за мене како автор на куклите, костимите и дел од сценографијата, поради тоа што во минатата изведба, ова е наша втора претстава која што ја работиме за како театар за деца и млади, бидејќи приоритетна и основна дејност на танц студиото „Зодијак“ е модерниот и современиот танц, но ете се пронајдовме и мислиме дека и најмладите заслужуваат да имаат нешто вакво, да видат во нашиот град и пошироко. Недостигот и нашето истражување кое е направено на ниво на република, покажуваше дека ваков тип на музичко сценско дело и тоа како е потребно“, истакна Кире Миладиноски од танцовото студио „Зодијак“.

 

 

Претставата е потпомогната со средства од буџетот на РМ и Министерството за култура од националната програма 2018, како и дел од средствата на локалната самоуправа на Прилеп. Учиилиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ се погрижија за постпродукцијата на овој музичко-сценски спектакл, како и светло дизајнот и дизајнот на рекламниот материјал.

 

„Ова ми е прво искуство да учествувам во ваква музичка претстава. Не ми е прв пат да бидам на сцена, но ми претставува голем предизвик да учествувам во вакво прекрасно музичко сценарио и имаме многу добра соработка со учесниците, се трудиме што е можно да го совладаме сценскиот изглед. Тоа ми претставува желба да бидам во животот на сцена и да се соживувам со публиката и да глумам“, рече Марија Костоска, актер во „Малата Сирена“.

 

„На почетокот беше малку предизвик да се совладаат кореографиите и сцената, но со тек на време се навикнуваме и со помош на Кире успеваме да изведиме една стварно прекрасна претстава. Мене ми е втор пат да учествувам во вакво дело, минатата година исто така учествував во „Аладаин“ и мислам дека е предизвик за сите нас да учествуваме во вакво нешто, но исто така и забавно и убав начин на кој ние можеме да изведем нешто за нашиот град“, кажа Деспина Башеска, актер во „Малата Сирена“.

 

„Не ми е прв пат да учествувам на ваква претстава, исто така лани учествував во „Аладин“. Ова е баш голем предизвик за сите млади да ја гледаат претставата, затоа што е интересна, забавна, смешна и е големо задоволство да бидеме во присуство со одличен кадар на луѓе и друштвото и забавата се феноменални“, додаде Ивана Стеваноски, актер во „Малата Сирена“.

 

 

Копродуцент на претставата е Центарот за култура, кој што е во основа и матична сцена каде што работат воедно и танц студиото „Зодијак“ и училиштетот „Чин 4 сцена 5“.

 

„ Спротивно од мислењето на некој дека без секој се може, ние еве и оваа година одлучивме да соработуваме со танцовото студио „Зодијак“ и да се испродуцира една такаречено неверојатна претстава „Малата сирена“, која според мене лично ќе биде поквалитетна од минатогодишната. Повторно ќе речам дека без разлика на некои мислења дека ние сме конкуренција, напротив еве втор пат соработуваме и докажуваме дека не сме си конкуренција, дека ние работиме за една ултимативна цел, а тоа е културната надобразба и развој на идна театарска публика, пред се младата и малата публика, а тоа ќе го направиме само и само со продукција на висококвалитетни претстави за деца и со тоа ќе докажеме дека можеме да произведиме и да се направи една квалитетна театарска претстава која долгорочно ќе влијае врз културната надобразба на младите. Само да ви кажам дека Кире Миладиноски е човек кој планира долгорочно, ние веќе знаевме уште минатата година која претстава ќе се работи и се надевам дека сите оние кои сакаат да се занимаваат со детски театар ќе работат со такво внимание, посветеност и грижа како што го прави Кире Миладиноски“, истакна Саша Нацевски од училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien