Укината затворската казна на дедото на Тамара, Апелација го врати случајот од почеток

Апелацискиот суд Скопје го врати предметот за случајот со дедото на малата Тамара на почеток. Љупчо Стојановски на 12 јули годинава беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

 

„Пресудата е недоволно јасна и разбирлива, а во образложението не се содржани доволно причини за решителните факти во однос на постоењето на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот“, пишува во одлуката на Апелација.

 

Новото рочиште, според информациите од Кривичниот суд, е закажано за 5 декември.

 

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни минатата година.

 

Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од три години, чекајќи операција на рбетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien