Откриен древен прстен со името на Понтиј Пилат

Израелските научници го дешифрирале името на Понтиј Пилат, римскиот намесник на Јудеја, кој според Евенгелието го судел Исус Христос и го осудил на распнување, на бакарен прстен пронајден за време на ископувањата на тврдината Херодион во близина на Витлеем пред 50 години, непосредно по Шестдневната војна, пишува „Хаарец“ цитирајќи го извештајот на „Израел експлорејшн џурнал“.

 

Истражувачите сугерираат дека престенот, изработен од бакарни легури и датирен од првиот век пред нашата ера или средината на првиот век, можело да му припаѓа на самиот Понтиј Пилат или на чиновник во неговата администрација.

 

 

„На прстенот е отсликан кратер (антички сад за вино – з.р.) во врамен со натписот на старогрчки јазик, кој гласи ’Пилата… ’. Овој прстен можели да му припаѓа на Понтиј Пилат, префектот на римската провинција Јудеја, или на службеник во неговата админисутрација, Евреин или паганин“, се наведува во коментарот на статијата.

 

Прстенот можел да го користи намесникот како печат или да бил знак за припадност на румските коњаци. Бил пронајден меѓу мноштвото други артефакти во втората половина на 1960-те година во текот на археолошките ископувања кај Херодион, комплексот палати изграден од еврејскиот цар Ирод меѓу Ерусалим и Витлеем.

 

„Не знам за никој друг Пилат од таа епоха, а прстенот укажува на тоа дека тој бил човек со висока позиција“, го цитира весникот Хаарец професорот Дени Шварц.

 

Натписот е откриен педесет години подоцна по откривањето на прстенот, по темелното чистење и фотографирање со специјални уреди и во специјални услови. На научниците им е познат уште еден артефакт од тоа време со името на Понтиј Пилат, а станува збор за камена плоча која била октриена во крајбрежниот град Цезареја и која сега се чува во Музејот на Израел во Ерусалим.

 

Тврдината Херодион на која бил пронајден прстенот и илјадници други артефакти била изградена за време на владеењето на кралот Ирод, а по неговата смрт во првиот век станала огромна гробница, при што се претпоставува дека горните делови на градот биле користени како седиште на градските власти. Еден од нив бил наводно и Пилат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи