Неизвесно годишното обраќање на Иванов пред Парламентот

Неизвесно е дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го одржи редовното годишно обраќање во Собранието на Македонија.

 

Терминот не е договорен, а како што информира на средба со новинарите претседателот на Парламентот Талат Џафери, од кабинетот на Иванов досега не е испратено писмо за одредување термин за негово обраќање пред пратениците.

 

„Ако Кабинетот на претседателот на државата на време не испрати барање кога планира да се обрати во Собранието, може за него да нема термин“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите.

 

Џафери вели дека Иванов нема обврска да се обрати во Парламентот туку дека тоа е негово право. Во декември Собранито има планирано три седници, евентуално четири до пет, вклучувајќи и за обраќање на Иванов, доколку побара.

 

Мандатот на Иванов истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани највератно на крајот на јануари или почетокот на февруари, информира Џафери.

 

Во врска со Договорот од Преспа, за кој законот за ратификација нема потпис од претседателот на државата, и не е доставен во Службен весник, Џафери рече дека ќе биде испратен без потпис на Иванов, но не прецизираше кога.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien