12 километри рибарски мрежи извадени од дното на Охридското eзеро

Од дното на Охридското езеро се извадени 12 километри рибарски мрежи, или во должина колку растојанието од источниот до западниот брег на езерото. Екипи од Хидробиолошкиот завод, рибари и нуркачи работеле 18 дена со бродот на Хидробиолошкиот институт, со голема дреџа, а точките ги лоцирале со помош на ехо сонар. Нуркачите работеле на температура од 8 степени на длабочина од 30-40 метри. Ехо сонарот може да се користи на длабочина до 60 метри.

 

Потонатите мрежи ги има на повеќе локации и дополнително ја влошуваат состојбата на рибниот фонд во езерото која е повеќе од алармантна.

 

„Станува збор за потонати мрежи, кои со присуството во водениот екосистем, прават штета не само на рибниот фонд, туку и на други живи компоненти. Загрозени се и пастрмките кои поради нивната специфика и биологија на однесување, кога еднаш ќе се најдат во овие мрежи на нивните рибни пловишта нема повеќе да доаѓаат, ниту да вршат природен мрест“, вели Душица Илиќ-Боева од Хидробиолошкиот завод во Охрид.

 

Од страна на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во годишните програми се издвојуваат средства за ваква намена, а дадени се и препораки од страна на рибарите да се пријавуваат загубените рибарски мрежи.

 

Инаку за целосно одстранување на мрежите според надлежните потребна е прекугранична соработа. Се претпоставува дека на македонско албанската страна има стотици киометри рибарски алат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien