ВИДЕО – Лицата со посебни потреби од Прилеп бараат отворање на нови дневни центри

Лицата со посебни потреби од Прилеп бараат вработување на стручен кадар во нивните здруженија и прераснување на социјалните клубови во дневни центри каде децата со попреченост ќе може да бидат присутни минимум по 8 часови во текот на денот. Едно од тие здруженија е „Порака“ од Прилеп. Членовите на здружението денеска се пожалија дека воопшто не добиваат парична помош од државата, ниту пак некоја надлежна институција ги прашала како функционираат.

 

 

„Досега никој не не прашал како излегуваме на крај. Дали ни се доволни да работиме само 2 дена во социјалниот клуб. Никој не не прашал како се финансираме. Се финансираме доброволно, самите родители си даваме парии за да имаме некои актиивности. А знаеме државата има 8 сојузи и на тие сојузи му одделува голема сума на пари од игрите на среќа на Лотарија на Македонија, Јас сакам да прашам како се делат тие средства, по што ги делат бидејќи на годишно ниво ние добиваме само 20.000 денари, пари со кои неможеме да ги покриеме основните трошоци па камоли да организираме некои активности“, истакна Раде Аљакоски, претседател на здружение „Порака“.

 

Клубот брои моментално 20-тина членови, иако има потреба од могу повеќе немаат услови да примат нови. Затоа бараат зголемување на бројот на дневните центри.

 

„Значи ги имаме сиите предуслови за да може да е отвори дневен центар бидиејќи како што кажавме потребата од вакви дневни центри е голема. Поголем дел од родителите се млади личности кои може да стапат во работен однос, така што нивните деца со вакви центри ќе може да поминуваат 8 часа во текот на денот. Со тоа ќе им се овозможи на тие лица да развијат вештини кои им се потребни во секојдневниите активности“, рече

 

Родителите на децата со посебни потреби бараат исто така и изедначување на паричната помош која што ја добиваат од државата за овие деца да биде иста како паричната помош која што ја добиваат згрижувачките семејства.

 

„Нашето не е судбина дека ние имаме деца со посебни потреби и дека треба да земаме 4.300 денари. Секоја чест за згрижувачките семејства, јас ги поддржувам и гии поттикнувам и понатаму да згрижуваат вакви деца, но нивната сума е преку 16.000 денари за дете, а нашата 4.300 денари месечно, тоа е огромна разлика и дискриминација“, додаде Аљакоски.

 

Од Центарот за социјална работа од Прилеп потврдуваат дека е потребно отворање на поголем број дневни центри за овие лица. Додека пак за нивното барање за изедначување на паричната помош која што ја добиваат да биде иста како и згрижувачките семејства од Центарот за социјална работа велат дека биолошките родители ќе добивале друг вид на поддршка и помош.

 

„Да треба многу повеќе дневни центри, а државата треба да ги земе тие центри или под нејзина капа или тие да бидат некои НВО кои како „Порака“ треба да ги охрабруваме да се формираат како дневни центри за лица со посебни потреби. Не е нииту фер ниту споредливо биолошкото семејство да се спроредува со згрижувачкото. Државата утврдила цена на услуга за ониеи кои не се во можност да бидат како деца во билошко семејство и затоа изнајдуваат згрижувачки семејства. Додека бииолошките семејства ги поттикнуваме на друг начин со тоа што ние треба да му бидеме во припомош и дома. Мора да заживее принципот на она што значи персонален асистент за припомагање. Ќе воведем со новиот закон уште многу други можности кои се надевам ќе бидат прифатени и ова се што досега не чинеше да го заборавиме и да тргнеме по патот на една нова социјална политика. Која што е својствена за поразвиените земји“, кажа Живко Силјаноски, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

 

По повод 3 декември меѓународниот ден на лицата со посебни потреби членовите на здружението „Порака“ одржаа и пригодна програма.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien