Спортистката на град Прилеп, Ристеска, неприкосновена – за 1 година првак во 3 категории кадети, јуниори и сениори

Спортистот на град Прилеп и добитник на 3-то Ноемвриската награда, Теодора Ристеска, член на ЏК „Бушидо“ останува неприкосновена на теренот. На последното Државно Првенство во џудо за деца и сениори кое се одржа во Скопје во спортската сала на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ таа го освои првото место во категоријата сениорки – 48 кг. Со овој успех  Ристеска за една година спои 3 титули првак во кадети, јуниори и сениори.

 

Само во текот на последнава година освои над 15 медали. Таа е државен првак на Република Македонија за 2017 и 2018 во јунири, кадети и сениори како и државен репрезентативец за 2018 во кадети.

 

Ристеска се надева дека еден ден со многу напорна работа, тренинг и љубов кон овој спорт ќе успее да го донесе Европскиот златен медал во џудо во Прилеп.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien