Амандманите поминаа, од утре почнува јавната расправа за измена на Уставот

Откако во Собранието беше усвоен нацртот на четирите уставни амандмани, се предвидува од утре Владата да ја започне јавната расправа за измена на Уставот, што може да трае до пет дена. Претседателот на Собранието Талат Џафери потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално усвојување на амандманите на Уставот Македонија, за што повторно е потребно 2/3 мнозинство од 80 пратеници.

 

Се предвидува дека промените на Уставот на Македонија би можеле да завршат до половината на јануари 2019та, а за да стапат на сила потребно е Грција да го ратификува Договорот од Преспа и пристапниот протокол на Македонија за членство во НАТО.

 

Постапката за пристапување кон уставни измени почна на 19 октомври со 80 гласови „за“ и 39 „против“. Двотретинското мнозинство беше обезбедено со гласовите на осумтемина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив обвинети во случаи на СЈО и за случувањата од 27 април.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien