Во рација во Палермо уапсен „кумот“ на Коза ностра

Италијанската полиција го уапси новиот новиот шеф на сицилијанската мафија Сетимо Минео, како и уште 45 осомничени мафијаши.

 

„Со акцијата е зададен силен удар врз организираниот криминал на Сицилија“, изјави денеска потпретседателот на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо.

Полицијата потврди дека меѓу уапсените се наоѓа и 80-годишниот Минео, шефот на локалните мафијашки семејства во главниот град на островот, Палермо. Официјални претставници наведуваат дека Минео неодамна е именуван за генерален шеф на Коза ностра.

 

„Минео е избран за „наследник“ на Тото Рина по неговата смрт. Повеќе нема место за ваков тип на злосторници во Италија“, напиша денеска Ди Мајо на Инстаграм.

 

Претходниот „шеф над шефовите“ Салваторе Тото Рина почина минатата година в затвор, во кој помина речиси 25 години поради издавање наредба за извршување на десетина убиства, вклучувајќи и убиства на најпознати италијански судии.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien