Дончев: Ќе има нов начин на функционирање на системот на квотите на лекови и реформи

Реформите кои Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) планира да ги спроведе од 1 јануари и новиот начин на функционирање на системот на квотите на лекови во аптеките, ќе бидат соопштени на прес-конференција во наредните неколку дена, најави денеска директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.

 

Посочи дека во тек е пообемна реформа според начинот на кој Фондот досега функцонираше со квотите.

 

„Верувам дека во наредните неколку дена ќе бидеме во можност да излеземе пред јавноста на прес-конференција за да го соопштиме новиот метод и новиот начин на функционирање на квотите. Во врска со тоа дали ќе има поголеми квоти во смисла дали ќе се зголеми буџетот, Фондот континуирано во последните неколку години го зголемува буџетот за лекови во рамките на своите можности“, додаде Дончев, одговарајќи на новинарско прашање.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien