Кардиохируршките операциите на децата ќе се прават во приватната болница „Жан Митрев“ на сметка од ФЗОМ

За еден месец сите операции кај деца кои можат да се направат во Македонија ќе се прават во приватната болница со пари од страна на ФЗОМ, најави на денешната прес конференција минисерот Венко Филипче.

 

За министерот ова е најдобра опција додека се изгради новиот клинички центар, каде квалитетот на кадар од државното здравство со условите и во болницата ќе донеле подобар бенефит за децата. Според Филипче оваа болница ги исполнувала критериумите за приватно јавно партнерство.

 

Според министерот за здравство Филипче и според директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, истата сума на пари ќе се плаќа на приватната болница на д-р Жан Митрев, односно нема да има дополнителни трошоци за севкупниот третман на децата.

 

„Фондот во изминатите години за операции на деца на Клиниката за кардиохирургија плаќаше околу милион евра годишно. За истата сума по цени на дијагностичко сродни групи ќе плаќаме за овие деца за целокупниот третман. Според досегашниот договор со болницата на д-р Жан Митрев Фондот плаќаше за 10 кардиохируршки интервенции кај повозрасни деца“, кажа Дончев.

 

Според Филипче со новиот модел за детска кардиохирургија се брише јасната граница меѓу приватното и јавното здравство за да се обезбедат подобри услови за лекување на бебињата, подобри услови за работа на лекарите и заштеда од 250.000 евра, кои сега Министерството за здравство ги плаќа на странските лекари, кои заедно работат со тимот на Детска хирургија.

 

„Сега условите во кои се одвиваат овие кардиохируршки операции се мачни и за лекарите и за дечињата. Дијагностиката се прави во приватни болници, лекувањето на Клиниката за детски болести, а операцијата и интензивната нега на Детска хирургија. И тимот е уморен ваква организација на работите, а тоа сега на клиниките не може да го обезбедиме додека се изгради новиот Клинички центар. Условите за работа ги има во приватната болница, каде има и експертиза. Ова е еден начин да ги задржиме нашите лекари овде, бидејќи секој сака да напредува“, рече Филипче.

 

Детскиот кардиохируруг Владимир Чадиковски и тимот што работи со него од 2019 година заминуваат во приватната болница „Жан Митрев“ и ќе работат само кардио операции кај деца, при што за кардиохируршките операции во приватната болница ќе бидат ангажирани во рамки на дополнителна работа.

 

Годишно во Македонија се оперираат околу 80 деца, а околу 20 се испраќаа во болници во Европа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien