Филипче: 43.000 хронично болни бесплатно ќе добијат маски против загадувањето

43.000 хронично болни бесплатно ќе добијат маски за заштита од аерозагадувањето. Покрај нив, како ризична група, маски треба да добијат и децата, но сè уште се работи на утврдување на нивниот број и начинот на кој тие би се поделиле, изјави Министерот за здравство Венко Филипче.

 

Посочи дека вчера имале комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање и апсолутно се согласни дека тоа не ја решава причината, но дека треба и мора да најдат начин да ги дистрибуираат маските, бидејќи, како што рече, сепак тоа е некаква форма на заштита.

 

Синоќа Македонија беше четврта најзагадена земја во светот, а аеродагадувањето беше и 11 пати над дозволеното.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien